Дојдовме во пресрет со неколку корисни совети за тоа како да го подобрите држењето на телото, па сакавме да ги споделиме со вас.
1. Вежбајте вежби наменети за подобрување на држењето
Најдете време за вежби кои ќе го подобрат вашето држење. Обидете се да вежбате по 10-20 минути секој ден. Доколку работите во канцеларија, не заборавајте да ги загревате вашиот грб, врат и раменици секој ден.
2. Држете го мобилниот правилно
Сите ние се наведнуваме нанапред додека го користиме телефонит или лаптопот, без да забележиме. Обидете се да го држите телефонот пред вас и поставете го лаптопот на повисоко ниво, за да избегнете наведнување.
3. Научете да дишете правилно
Дишењето е важно за нашите движења и сетила. Ќе дишите подобро, доколку ја користите дијафрагмата, а и подоброто држење ќе си се наметне самото.
4. Внимавајте на држењето постојано
Никако не заборавајте да го држите грбот исправен. Не само кога работите, туку и кога одмарате, возите, спиете...
5. Вежбајте јога
Јогата ќе ви помогне да го подобрите и духот и телото. Други фитнес програми како пилатес или аеробик можат да ви помогнат да го подобрите држењето на телото.