Од редовна медитациска вежба може да имаат придобивка постарите возрасни лица кои забележуваат проблеми со меморијата, дознаваме од спроведеното истражување.
Истражувањето се фокусираше на 25 постари возрасни лица за кои се смета дека имаат благи когнитивни нарушувања - проблеми со меморијата и размислување дека може во некои случаи да непредува до деменција.
Истражувачите по случаен избор ги распределиле или 12 недели на медитација и јога вежби или 12 недели тренинг за подобрување на меморијата кој предава стратегии за подобрување на заборавот. На крајот и двете групи поминале малку подобро на тестот за вербална меморија во кој е вклучено на пример паметење на имиња и листа на зборови. Но, медитациската група покажала поголема промена во просек на тестовите за визуелно - просторна меморија која е потребна за навигација при одење или возење или кога се обидуваме да се потсетиме на локација.
Медитаторите исто така покажале и помалку симптоми на депресија и анксиозност.
Д-р Хелен Лавретски - висок истражувач на студијата крајно заклучувадекабенифититеодјогаи медитација се различни. Постојат неколку начини како вежбите може да им помогнат на постарите со проблеми со меморијата.
Еден начин е преку намалување на нивната вознемиреност во врска со овие проблеми. Нејзиниот тим најде доказ за тоа во специјализирани скенови на МНР што ја мапираа мозочната активност на учесниците во студијата. Во двете групи, промените се гледаат во "поврзување" на одредени мозочни мрежи кои се вклучени во меморијата.
Истражувањето тестираше и специфична форма на медитација која вклучува движење на раците, мантри и визуелизација. Постарите лица со физички ограничувања бараат понежни видови на јога како ресторативна јога и јин јога. Тие исто така може да се обидат со часеви кои се фокусираат само на медитација.
За потребите на истражувањето сите возрасни лица биле над 55 години со нарушена меморија - пример заборавање имиња или губење работи. Единаесет продолжиле со вежбите за подобрување на меморијата со учење техники и вршење ментални вежби дома како крстозбори на компјутерско базираните програми. Групата на јога и медитација имала и неделен час за дишни практики кои комбинира одредени движења со домашна задача од 12 минутна медитација.
Резултатите се врз основа на мала група луѓе за кратко време па е тешко да се донесат цврсти заклучоци.