Што е кламидија?

Кламидија е највообичената бактериска инфекција што се пренесува преку полвиот однос. Целосното име му е кламидија трахоматис (Цхламидиа трацхоматис). Тоа е еден вид бактерија што може да го инфицира пенисот, вагината, матката, анусот, мочниот канал или очите. Кламидија е називот за неколку видови бактерии. Кламидија трахома, на пример, е главната причина за појавата на слепило. Кламидија трахоматис се пренесува преку полов однос. Одреден вид на оваа бактерија ја има само во тропските предели и предизвикува лимфогранулома венерум - симптомите се кожно заболување и отекување на жлездите во пределот на гениталиите. Остатнатите бактерии едноставно се викаат кламидија, многу вообичаена инфекција.

Кои се симптомите на кламидија?

Обично, кламидијата нема никакви симптоми. До 85 отсто од жените и 40 отсто од мажите заболени со кламидија немаат симптоми. Повеќето луѓе не се свесни дека ја имаат инфекцијата. А доколу се појават симптомите, тоа се случува за 5 до 10 дена по инфицирањето.

Симптомите кај жените:

- крвавење меѓу менструалните циклуси

- вагинално крвавење по половиот однос

- болки во абдоменот

- болки при половиот однос

- слаба треска

- болка при уринирање

- потребата почесто да се уринира

- воспаление на матката

- прекумерено вагинално лачење

- мукопурулент цервицитис (МПЦ) - жолтеникав исцедок од матката со лош мирис

Симптомите кај мажите:

- млечен или водлест исцедок од пенисот

- болка или печење при уринирање

- отечени или осетливи тестиси

Овие симптоми се слични на симптомите на гонорејата и се нарекуваат негонококален уретритис (НГУ). Мажите честопати не ги сфаќаат сериозно овие симптоми затоа што обично се појавуваат наутро и се многу слаби.

Кај мажите и жените кламидијата може да предизвика чешање и крвавење на ректумот, а може да предизвика и дијареа. Ако ги зафати очите, кламидијата предизвикува црвенило, чешање и солзење на очите.

Како се пренесува кламидија?

Кламидија се шири преку вагинален и анален однос. Но, може да се пренесе од трудницата на фетусот.

Колку е распространета?

Три милиони Американки и Американци се заразуваат со кламидија секоја година. Кламидијата е:

- четирипати почеста од гонорејата

- повеќе од 30 пати почеста од сифилисот

- најчесто се појавува кај лицата под 25 годишна возраст

За секое лице што има херпес шест се заразени со кламидија.

Дали кламидијата е опасна?

Кламидијата е сериозна закана за здравјето, особено за жените. Кај нив инфекцијата обично започнува од грлото на матката. Може да се прошири до јајцеводите и јајниците. Може да предизвика воспалување на пелвисот и тоа е болест со која во САД годишно се заразуваат 250.000 до 500.000 лица.

Воспалението на пелвисот може да ги затне јајцеводите поради што жената станува стерилна и не може да забремени. Оплодените јајцеклетки не можат да стигнат до матката бидејќи јајце водите се затнати, а ако се развијат во јајцеводите тогаш настапува ектопска бременост. Ако бременоста се развие надвор од матката може да настапи смрт затоа е потребен итен хируршки зафат. Жените со воспаление на пелвисот имаат 7 до 10-пати поголеми шанси да развијат ектопска бременост.

Симптомите на воспаление на пелвисот:

- подолги и пообилни месечеви циклуси

- чести грчеви

- обилен исцедок

- болка во долниот дел од абдоменот

- исцрпеност, слабост

- треска

- повраќање

- болки при полов однос

- болки при преглед



Автор: Администратор
Објавено на: 06/04/2024 06:34