Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, категорично изјави дека очекува да го води тимот и следната сезона.

Актуелната кампања е прилично лоша за „црвените ѓаволи“ и медиумите на Островот веќе пишуваат за отказ на Холанѓанецот на крајот од сезоната, особено по доаѓањето на Сер Џим Ретклиф и промените на врвот на клубот.

Како и да е, Тен Хаг и понатаму не е вознемирен и, откако минатата недела изјави дека воопшто не се грижи за гласините за неговата иднина, а по поразот од Челси (4:3) беше уште посигурен.

-Не се сомневам дека ќе останам. Фокусиран сум само на мојата работа, на процесот и на целиот проект. Уживам во мојата работа овде и за мене сето ова е предизвик, изјави тој за „Скај Спортс“.

Во оваа фаза се верува дека клубот се уште не донел цврста одлука за иднината на менторот и дури го планира летото и новата сезона со него.

-Не секогаш ги добиваме резултатите што ги сакаме, но сигурен сум дека сме на добар пат и ќе стигнеме каде што сакаме, изјави Тен Хаг во пресрет на утрешното дерби против Ливерпул на „Олд Трафорд“.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/04/2024 16:04