Тренерот на Фиорентина, Винченцо Италијано е во преговори со Наполи, според новинарот Руди Галети. 46-годишниот стручњак ќе ја напушти „Ла Виола“ на крајот од сезоната, кога ќе му истече договорот со клубот и тој нема да биде обновен.

Италијано работи во Фиорентина од 2021 година. По 29 одиграни натпревари, тимот е на десеттото место во Серија А со 43 бодови.

Од февруари на чело на Наполи е Франческо Калцона, кој работата во клубот ја комбинира со репрезентацијата на Словачка. На 8 натпревари под негово водство, Наполитанците победија 2 пат, 4 пати ремизираа и запишаа 2 порази.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/04/2024 17:12