Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа ќе продолжи со тренинзите на крајот на месецот, откако на 19 март го повреди менискусот.
-На крајот на месецот повторно ќе тренирам со групата, изјави Куртоа, цитиран од новинарот Фабрицио Романо.
Белгискиот голман го скина менискусот веднаш по опоравувањето од повредата на вкрстените лигаменти заработена на почетокот на оваа сезона.
Актуелниот договор на играчот со клубот е до летото 2026 година.