„Далечината е толку небитна кога имаш некој што ти значи многу“
Луѓето мислат дека врските на далечина се најтешкиот начин да се сака некој.Еве неколку совети кои важат и за оние кои не се во врска на далечина:
1. Комуницирајте
Битно е да разговарате, да се сослушате, да се смеете, да се карате со вашиот партнер за сѐ што мислите дека е битно. Изненадете ја саканата личност така што ќе и испратите некоја разгледница, некоја заедничка луда фотографија или со некој неочекуван повик. Секако дека ќе има моменти кога и двајцата партнери ќе бидат зафатени и нема да бидат во можност да се слушнат или видат на Интернет со денови, но секој треба да ги почитува распоредот и обврските на другиот. Дури и ако не станува збор за врска на далечина, треба да постојат некои мали изненадувања кои ќе ја зачинат врската.
2. Предизвикајте ги вашите сомнежи
Не треба да дозволите далечината да ги дефинира чувствата за саканата личност. Треба само да се препуштите на љубовта и да се сакате меѓусебно денес, за подобар и заединички живот утре, онаков каков што одсекогаш посакувате. Далечината не ја убива љубовта, сомнежите ја убиваат. Кога имате некои сомнежи тогаш разговарајте со партнерот, решете го тоа заедно. Исто така можете да се обратите кај некој вистински пријател за совет. На крај, дозволете љубовта да ги надвладее сите сомнежи. Секоја врска се соочува со предизвици и сомнежи. Нашиот разум ги предизвикува тие сомнежи и затоа на нас останува да прифатиме во што ќе веруваме. (Тука не станува збор за сомнежите кои се предизвикани од некоја вистинска причина).
3. Секогаш бидете јасни за тоа кој сте и што сакате во животот
Доколку двајцата се сакате и вашата љубов е беспрекорна, тогаш многу е лесно едниот од врската да стане супер херој, но треба да се имаат во предвид и чувствата и желбите на другиот. Во врските на далечина можеби е потребно повеќе време за да се сфати дека и другата личност е обична како нас. Секој треба да биде отворен и да учи од саканата личност. Да поставува прашања и да ја запознава. Исто така многу е битно луѓето во врската да разговараат за своите идни планови, па дури и да ја планираат својата иднина заедно, за понатаму да знаат дека имаат една иста цел.
4. Последно, но не и најмалку битно, поминувајте квалитетно време заедно
Не мора да разговарате секој ден. Само, бидете сигурни дека времето поминато заедно, е добро поминато време. Исто така, смејте се многу. Трудете се да ја третирате далечината како пријател, а не како непријател. Бидете креативни и искористете ги огромните можности кои ги нуди технологијата: вечерајте заедно преку Skype, гледајте некој филм заедно преку споделен екран, слушајте музика заедно. Посетувајте се меѓусебно во секоја можна прилика и поминувајте незаборавно време заедно. Дури и ако се гледате секој ден со вашиот партнер, не заборајте дека од време да време треба да поминувате квалитетно време заедно.
И за крај, заљубете се, и бидете љубени.