Понекогаш се чини дека парите се мерило за среќата.
Славната Џенифер Лопез ја испеа познатата песна „ Love don't cost a thing“, или во превод Љубовта со пари не се купува. Но, изгледа ова е погрешно. По се изгледа дека парите играат улога и кога е во прашање срцето. Едно австралиско истражување покажува на кој начин парите влијаат на љубовните врски. Колку од нашата заштеда ја делиме со нашите сакани? Дали лошата банкарска сметка ќе заврши со скршено срце? И, дали е добро или лошо да се има одделна банкарска сметка?
Предбрачни договори
Истражувањата покажуваат дека е во мода да бидеш финансиски итар. Затоа не е изненадувачки фактот што партнерите финансиски се подготвуваат пред да влезат во сериозна врска. Истражувањата покажуваат дека 81% од Австралијанците опседуваат предбрачни договори.
Разделбата не е толку валкан збор
Кога е во прашање љубовната игра, поголем број од луѓето, разделбата ја гледаат како последен избор... освен ако не се работи за пари. Едно австралиско истражување покажува дека луѓето кои се среќно вљубени, исто така имаат и задоволителни одделни финансиски сметки. По се изгледа дека заедничата банкарска сметка е веќе оставена во минатото. Тоа е поврзно со идејата дека сега, повеќе од кога и да било, сме финансиски независни.
Таен сеф
Се вели дека искреноста е најдобрата полиса, особено кога станува збор за саканиот/ саканата. Но, не е секогаш така. Додека довербата е најдобрата основа се секоја добра врска, секој трет човек признава дека крие пари од својот партнер. Без разлика дали станува збор за незначителна сума, сокриена за „ црни денови“ или пак цела плата, сепак е тренд во пораст. Дали се работи за начин за заштита или за подмолна игра?
Немаш пари? Се гледаме друг пат!
Сите сме свесни за црвените линии, кога станува збор за нова врска. Лош здив, неуредност, флертување со поранешните... сиромашен? Точно така, се чини дека тие чии паричници се празни, не се многу среќни ниту во љубовта. Значи ако сте во очаен обид да заштедите пари, исто така не сте многу вешти ниту во наоѓање нов партнер.Да бидат работите уште полоши, 58% од испитаниците во истражувањето признаваат дека финансиите можат да бидат причина за конфликт.