Својата способност за извршување на повеќе задачи во исто време, припадничките на понежниот пол можеби најдобро ја демонстрирале во рамките на своите разузнавачки ангажмани. Во оваа работа свое место нашле многу жени - од мајки и сопруги, танчерки и пеачки, до болничарки и принцези. Кои се најпознатите светски шпиунки?

Уште пред два века, во Америка за време на револуцијата многу госпоѓи и госпоѓици си ја испробале среќата во разузнавачките активности. Лидија Берингтон на своите сонародници им пренесувала информации за Британците од Филаделфија. Меѓутоа, приказната одела и во друга насока, па за британската страна Американците ги контролиралe славните "Мис Џени" и Ен Бејтс.

Во првата и втората светска војна, женскиот разузнавачки ангажман бил на својот врв. Најславна секако била Мата Хари - Холанѓанката чиј слободен став према убавината на женското тело и соблекувањето во јавност го претворала во уметност. Но, нејзините наводни шпиунски заслуги останале покриени со превзот на тајните, бидејќи никогаш не е докажано дека Мата Хари се занимавала со ова.

За време на Првата светска војна, регрутирана била и Едит Кавел, медицинска сестра од Англија која за време на војната престојувала во Белгија. Им помагала на англиските, француските и белгијските војници, а кога германците ја окупирале Белгија, продолжила да работи под нивен надзор.

Дознавајќи за нејзината наклонетост на "непријателската" војска, Германците ја уапсиле ија осудиле на смрт. Стрелана е во 1915 година, а Британците и ден денес ја слават како симбол на хуманост, посветеност и пожртвуваност.

Една од најуспешните шпиунки и најславни шпиунки е и Вирџинија Хол од Балтимор која во Втората светска војна станала таен агент на страната на Французите.Станала толку славна, што нацистите организирале и лов на нејзината глава. Бегајќи од непријателот, Вирџинија нашла засолниште на далечните и недостапни Пиринеи, од каде што продолжува да ја работи својата работа преку радио станица. И покрај големиот труд, германците никогаш не успеале да ја фатат. По војната, добила многу признанија за различни служби, вклучувајќи ја и ЦИА, каде што продолжила да работи се до 1966, кога се повлекла во пензија.

Славната актерка Марлен Дитрих за време на својот ангажман во рамките на американскиот USO (организација наменета за подигнување на моралот и давање поддршка на жените и мажите во униформи) исто така била поврзувана со шпиунски активности, но и во нејзиниот случај, исто како и кај Мата Хари, сомнежите никогаш не биле аргументирани и докажани. Познато е само дека Дитрих била Дитрих освен што била многу ангажирана во театарот и во воените болници, нејзиното често појавување и во радио етерот имало за задача да ги обесхрабри германските војници. По војната, доделени и се признанија и одликувања.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/04/2024 05:31