Шест лица се полесно повредени во пожарот што синоќа избувна во кафуле во центарот на Атина, а беше предизвикан од свеќи на роденденска торта, кои ги запалија новогодишните украси, јави дописничката на МИА од Атина.

Инцидентот се случил додека келнерот ја доставувал роденденска торта на која имало поставени свеќи и пиротехника од кои се запалил дел од новогодишниот декор во внатрешноста на кафулето, како и елката поставена на таванот.

Според грчките медиуми била предизвикана паника меѓу лицата кои биле во кафулето, а во обид да го напуштат просторот биле скршени неколку прозорци.

Шест лица се здобиле со полесни повреди и биле пренесени во болница.

Пожарот веднаш бил изгасен.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/11/2024 02:17