Сите имаме моменти кога не ни се вежба и многу лесно се откажуваме. Но, тогаш доаѓа чувството на вина. Без разлика дали вежбате за важен настан за кој треба да изгледате беспрекорно, или едноставно сакате телото да го одржувате во здрава форма, ви нудиме неколку трикови, со кои вежбањето ќе го доживувате помалку напорно.

Направете плејлиста со енергични песни

Ништо нема да ве раздвижи повеќе од енергична песна. Баладите оставете ги за загревање, но кога сакате да постигнете одличен кардио резултат, препуштете им се на брзите песни.

Најдете си друштво за вежбање

Можете или да најдете некој нов пријател за време на вежбањето, или да поканите некого кого го познавате да вежба со вас. На двата начина, ќе имате нкого со кого ќе се дружите, но и ќе се натпреварувате, што е особено добро за постигнување на резултати.

Наградете се за постигнатиот успех

Но, никако тоа не смее да биде храна. Можете на пример да си дозволите ново парче облека, како награда за трудт, или едноставно уживање и релаксација во базен.

Погрижете се да имате доволно енергија

Никој не сака да вежба ако се чувствува млитаво или неодморено. Најдобар начин на телото да му обезбедите енергија е 30 минути пред вежбање, да конзумирате високоенегетска храна.Можете да конзумирате и нешто едноставно како банана.

Дозволете си закрепнување

Треба да ја знаете важноста од слободен ден без вежбање. Ако вежбате напорно, секој ден од неделата, ќе се чувствувате исцрпено. Затоа дозволете си еден или два дена неделно да имате лесни вежби, или да немате никакви вежби. Слободните денови нека бидат секогаш исти, за да не ја нарушите рутината, која напорно се обидувате да ја стекнете.

Фотографирајте го напредокот

Не мора да ги објавувате сликите на сите социјални медиуми (доколку не сакате). Но, важно е да го следите напредокот, за да можете да ја воочите разликата, и да сфатите колку вашетето тело е доведено во топ форма. На тој начин ќе се мотивирате самите, поставувајќи си предизвик, да изгледате што подобро.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/04/2024 05:34