Позначајните светски истражувања покажаа дека луѓето со мигрена често имаат пониски нивоа на магнезиум отколку оние без нив. Една студија, всушност, покажа дека редовното внесување на магнезиумот ја намалува зачестеноста на мигрената за 41,6 проценти.
Друго истражување покажа дека дневните додатоци на магнезиум во исхраната може да бидат ефикасни во спречување на мигрената пред и за време на менструалниот циклус.
За да се спречи мигрена, најчесто се користи магнезиум оксид, кој можете да го козумирате во форма на пилула, со општа препорачана доза од околу 400 до 500 милиграми на ден. Магнезиум може да се администрира интравенски во форма на магнезиум сулфат.
Бидејќи магнезиумот е природен елемент и е неопходен за нашето здравје, тој е безбеден третман против мигрената, во споредба со останатите лекови поради кои може да дојде до посериозни последици од користење на истите.