Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата во текот на вчерашниот ден во периодот од 12.00 до 17.00 часот спроведоа акциска контрола на територијата на општина Велес, за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, при што санкционирани се 100 возачи, од кои 30 за возење без возачка дозвола, четири санкции поради измината важност на сообраќајната дозвола... На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Од МВР, информираат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/04/2024 14:58