Вториот мандат на Масимилијано Алегри во Јувентус најверојатно ќе заврши на крајот од сезоната. А како што пренесува „Калчомеркато“, веќе е пронајдена замена во името на тренерот на Болоња - Тиаго Мота.
Бразилецот веќе фигурира како најсериозен кандидат да седне на клупата на „Старата дама“. Иако се уште не е потврдено дека Алегри навистина ќе замине на крајот на сезоната, „Калчомеркато“ објави дека е постигнат договор меѓу младиот тренер и најтрофејниот италијански клуб.
Алегри има уште една година од договорот со Јувентус, но и покрај убавата загарантирана плата, неговиот агент еднаш рече дека нема да остане доколку не му биде продолжен договорот. А тоа нема да се случи.
Изборот на раководството на тимот од Торино паднал на Тијаго Мота. Човекот кој прави чуда со Болоња и е на прагот на историски влез во Лигата на шампионите, е познат како тренер на револуционерни мисли, нешто што долго време се бара од оние кои го сакаат црно-белиот тим.