Филаделфија ноќеска го совлада Сан Антонио со 133:126 по продолженија. Најефикасен во победничкиот тим беше Тајрис Макси кој реализира рекордни 52 поена во неговата кариера.

Макси за 54 минути поминати на теренот погоди 19 шута од 41 обид од поле и 12 од 12 од линијата за слободни фрлања. Додаде и пет скока, седум асистенции и две украдени топки.

Сезонава Макси по трет пат постигнува 50 или повеќе поени. Тој им се придружи на Џоел Ембид, Ален Ајверсон и Вилт Чембрлен како единствените играчи во историјата на клубот шпто го направиле тоа.

Чембрлен има НБА рекорд од 45 натпревари со најмалку 50 поени во сезоната 1961/62



Автор: Администратор
Објавено на: 08/04/2024 12:24