Здравствените придобивки од лимонот се должат на неговата содржина: витамин Ц, витамин Б6, витамин А, витамин Е, фолна киселина, ниацин тиамин, рибофлавин, пантотенска киселина, бакар, калциум, железо, магнезиум, калиум, цинк, фосфор и протеини.
Лимонот помага во спречување на дијабетесот, опстипација, висок крвен притисок, помага протв оштетување на косата и кожата, користи како природен обелувач на забите.
Американското здружение на уролози потенцира дека сокот од лимон може да ја елиминира појавата на бубрежни камења .
Придобивки од лимонот:
1. Тешко варење на храната и опстипација: сокот од лимон го подобрува варењето на храната. Неколку лимонови капки во супата и други течни оброци (внимавајте лимонот не се консумира во комбинација со млечни продукти) многу ќе ви помогнат.
2. Настинка или грип: сокот од лимон го зголемува потењето и помага при исфрлање на токсините од телото.
3. Стоматолошка заштита: свеж сок од лимон се применува на подрачјето на забоболка, го подобрува лошиот здив и може да служи како чистач и обелувач на забите.
4. Нега на коса: пред миење на косата, се масира кожата со сок од лимон, помага против опаѓање, првут и го зголемува сјајот на косата.
5. Нега на кожа: сок од лимон може да се користи како природен антисептик и може да помогне кај многу проблеми поврзани со кожата, како кај: изгореници од сонце, ја ублажува болката при убод од пчела, помага во отстранувањето на акни и егзема. Консумирањето на лимон го зголемува здравиот сјај на кожата и го забавува стареењето.
6. Внатрешно крварење: Лимонот има антисептичко и коагулативно својство, така што може да го запре внтрешното крварење. Крварењето од носот може да го запрете доколку на памук попрскате со лимонов сок и и го ставите во носот.
7. Намалување на телесната тежина: Сок од лимон во комбинација сзо млака вода и мед на празен стомак може да помогне во губење на тежината.
8. Респираторни заболувања: Сокот од лимоб помага во ослободување на проблеми со дишењето. Помага во астматичните напади.
9. Колера: Болестите како колера и маларија може да се третираат со сок од лимон, бидејќи лимонот служи како прочистувач на крвта.
10. Опуштање на стапалата: додадете малку сок од лимон во загреана вода и потопете ги стапалата во смесата за инстант мускулна релаксација.
11. Ревматизам: Сокот од лимон помага во ослободувањето на бактериите и токсините од телото.
12. Плускавици: Сокот од лимон помага во повлекување на плускавиците.
13. Висок крвен притисок: Пиењето сок од лимон е корисно за луѓето кои имаат проблем со срцето бидејќи содржи калиум. Гоп контролира високиот крвен притисок, вртоглавица и гадење, поради тоа што обезбедува смирување и на умот и на телото.
Лимонот се покажа како огромен благодет на природата. Добра практика е секојдневно да се консумира лимонот за да се добие максимална корист од ова моќно мало овошје.