Доколку се случи вашиот месечен циклус да е невообичаен, подолг, пократок, или пак воопшто да не дојде до месечен циклус во месецот, не паничете. Не е ништо алармантно. Постојат многу секојдневни работи, за кои не сте свесни дека ги правите, а сепак влијаат врз вашиот месечен циклус. Некои луѓе се само почувствителни од другите. Значи не брзајте со заклучоци, не мора веднаш да значи дека станува збор за страшна болест или дека ќе добиете бебе.

Некогаш причината е навистина не толку сериозна. Жените во глобала се соочуваат со околу 11 или 13 месечни циклуси во годината. Секоја ситуација и причина е индивидуална, но еве 11 секојдневни работи кои навистина имаат влијание врз месечниот циклус на жената.

1. Стрес

Ако последниот период ви бил навистина напоред во училиште или на работа, тогаш сиот тој стрес е причина за пореметениот месечен циклус. Др. Каролин Александар (Dr. Carolyn Alexander) од Центарот за репродукција во Јужна Калифорнија, вели дека стресот е причина број еден, кога станува збор за промени во менструалниот циклус, затоа што кога жената е под стрес, телото ги излачува хормоните и доаѓа до овулација.

2. Месечниот циклус на другите

Дали некогаш ви се случило вашиот менструален циклус да се поклопи со циклусот на вашата цимерка или другарка? Гледано од медицинска перспектива, не станува збор за коинциденција. Вашиот месечен циклус е всушност под влијание на циклусот на другите луѓе околу вас. Вашиот месечен циклус најчесто се оклопува со циклусот на вашите колешки и пријателки, причина за тоа се вашите феромони, тоа е излачен хемиски фактор кој предизвикува взаемна општествена реакција кај членови од ист вид, особено оние кои се во близина, вели др. Александар.

3. Премногу вежбање

Ако во скоро време пред вашиот циклус, сте претерале со прекумерно вежбње, тогаш тоа е причината за пореметувањата на вашиот месечен циклус. Тоа доведува до прескокнување на циклусот или доцнење, како и намалување на обемот. Др. Александар по ова прашање вели дека тоа е така затоа што телото има потреба од одредена количина на масти за да дојде до овулација.

4. Алкохол

Загревањето и подобрувањето на моменталната состојба со алкохолот влијае на хормоните и предизвикува нерамнотежа во организмот. Иако не постои одредена количина на алкохол која што е доволна за хормоналното пореметување, сепак дури и пет пијалоци неделно можат да влијаат во пореметувањето на месечниот циклус.

5. Медицински лекови

Подеднакво и лековите со рецепт и оние без, влијаат на вашиот менструален циклус. Секако и контрацептивните таблети и антидепресивите имаат огромен придонес во пореметување на менструалниот циклус.

6. Диети

Менување на исхраната и било каква диета, влијае врз нормалниот месечен циклус. Било каква промена во исхраната придонесува во нормалното функционирање на целиот организам.

7. Производи за убавина

Одредени козметички производи за убавина имаат придонес во промента на месечниот циклус. Причина за ваквото нарушување на нормалната функција н организмот е тоа што некои од производите за убавина содржат хемикалии кои се сметаат за ендокрини разградувачи и кои влијаат врз женското репродуктивно здравје. Во овие производи ги влучуваме боите за коса, пилинзите, па дури и шампоните.

8. Променливо работно време

Прекувременото останување на работното место не само што ви го расипува општото расположение, туку влијае и врз вашиот менструален циклус. Истражување спроведено од весникот Епидемиологија (Epidemiology) укажува дека кои немаат постојано работно време и работат во смени, се подложни на нарушен месечен циклус. Нивниот циклус е или прекраток, помалку од 21 ден, или пак предолг повеќе од 40 дена, за разлика од жените со постојано и фиксно работно време.

9. Пушење

Доколку сте пушач и имате премногу болни предменструални синдроми, во тој случај нема потреба од двоумење, цигарите се причина за тие болки. Резултатите добиени од истражување спроведено од весникот Тобако контрол (Tobacco Control), покажуваат дека жените кои пушат имаат поболни менструални циклуси од оние кои се непушачи.

10. Тироидната жлезда

Според др. Александар, менструалниот циклус е пообилен и проследен со грчеви кај жените со хипотироидоза, каде што тироидните хормони имаат помало лачење од доволното. Хипотироидизамот иста така може да влијае врз гункцијата на матката на жената.

11. Спиење

Останувањето доцна навечер или немирното спиење влијае на хормоните, што пак влијае врз овулацискиот процес и менструалниот циклус.

Секако доколку се случи некое менстуално пореметување во вашиот организам, најдобро и најсигурно решение може да добиете при консултација со доктор



Автор: Администратор
Објавено на: 09/04/2024 05:58