1. Секогаш лесно ќе може да ја најде – Тој никогаш нема да мора да ја бара помеѓу голема група луѓе и таа секогаш ќе биде лесно видлива на фестивал или на концерт.
2. Можат да носат исти чевли – Треба да ја земе поштата но не можете да ги најдете чевлите? Тој ќе ги облече чевлите на својата партнерка. Зошто да помине време размислувајќи да се сети каде ги оставил патиките кога балетанките ќе му завршат работа ако треба да помине 30 секунди надвор.
3. Не е опседнат дека тој е доминантен маж – Да, да, се претпоставува дека мажите треба да бидат повисоки од жените поради некое измислено правило. Со тоа тој докажува дека не се грижи за правилата и што мислат другите, туку дека му се допаѓа токму таа жена без разлика на изгледот и разликата во висината.
4. Полесно може да ја бакне – Со ниските жени мажот треба да се наведне за да дојде до нивото на висина на усните на жената за да ја бакне, додека со високата жена овој проблем го нема.
5. Долги нозе – Висока жена, долги нозе!
6. Не е потребен за “високите работи“ – Нема потреба да влегува во кујната за да симне некоја тегла од највисоката полица.
7. И мажите сакаат да бидат размазени – Кој и да го започнал митот за тоа дека мажите не сакаат да бидат галени и пазени, е голем лажго. Нема ништо лошо во тоа и мажот да биде размазен, а на овој начин и двајцата партнери ќе можат да си ги менуваат улогите од време на време.
8. Уникатни секс пози – Високата жена може одредени секс пози да ги изведе и да ги направи возможни, посебно оние пози со стоење.
9. Сака да ја гледа жената додека се движи– Ова не се однесува на манијачки начин туку на начин дека оваа жена има долги нозе и нејзиното движење е грациозно. Тој едноставно ужива додека ја гледа.
10. Вистинска висина за држење за рака – Ниту еден од партнерите не го гледа партнерот во стомакот наместо во лицето и не ги истегнува рацете за да го прегрне. Едноставно висината е совршена!