Барселона го објави составот за четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против Пари Сен-Жермен.
На списокот на тренерот Чеви се најдоа и играчите од средниот ред Педри и Френки де Јонг, кои немаат настапи уште од од 3 март поради повреда.
Во исто време, Барселона истакна дека овие играчи се уште немаат добиено дозвола од лекарите за учество на натпреварот.
За Париз ќе отпатува и Гави, кој нема играно од ноември поради скинати вкрстени лигаменти. Тој не е вклучен во апликацијата, но ќе биде дел од делегацијата.
Така, од играчите на Барселона само повредениот Алекс Балде нема да замине во Париз.
Натпреварот ќе се одигра утре од 21 часот.