Наголемото обезбедено складиште за семиња е смесено во подземјето на еден оддалечен остров на Арктичкиот круг.

Глобалниот склад на семиња сместен во Свалбард или „Складиште за судниот ден“ содржи 50 000 семиња спремни за кризно време за храна.

И покрај геополитичката сместеност, скоро 50 000 примероци на семиња од колекциите на семиња во Берлин, Индија, Пакистан, Либан, Мароко, Холандија, Мексико, Босна и Херцеговина, Белорусија и Велика Британија се донесени во овој склад, кој е сместен на архипелагот Свалбард, кој се наоѓа некаде помеѓу Норвешка и Северниот пол, на долгодишно чување.

Подготовката и дистрибуцијата на семињата до објектот делумно е финансирана од „Кроп трустот“, единствената организација која работи низ цел свет на креирање, финансирање и менаџирање на ефективен и ефикасен систем на складирање на семиња.

Глобалниот семен склад сместен во Свалбард е најголемиот склад на земјоделски биодиверзитет, безбеден е и сигурен и може да собере до 4,5 милиони примероци на семиња од целиот свет. Со зачувување на дупликатите од примероците на семиња во генебанки ширум светот, овој склад обезбедува осигурување од „заштита од пораз“ одн. од загуби на посевите причинети од климатски промени, природни катастрофи или од војна.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/04/2024 06:33