Авторката Сабина Веил, тврди дека со децата требало што порано да се разговар за сексот, затоа што децата го пробуваат сексот во рана возраст и не ја разбираат интимноста.
Во истражувањето направено за потребите на новата книга, а на тинејџерската популација една бројка особено ја заинтригирала авторката.
Во истражувањето биле вклучени 1059 деца на возраст од 12 до 17 години.
На прашањето дали тие сметаат дека сексот треба да биде романтичен, повеќе од половина испитаници изјавиле дека не знаат.
Оние американски тинејџери кои се уште немале „потполни“ сексуални односи, сигурно имале орален секс и воопшто немаат претстава што значи поимот интима.
Секој четврти тиејџер кој има 14 години знае врсник кој имал секс додека неговите родители се дома. Секој десетти тинејџер смета дека: „нормално е некој на моја возраст да има секс со некој што ќе го сретне на забава“.
Ако се земе предвид дека веднаш по завршувањето на осмо одделение една третина од тинејџерите веќе имале сексуални односи, тоа значи дека родителите на запад треба многу порано да продискутираат на оваа тема со своите деца.
Пораката до родителите е, тие внимателно да им приидат на своите деца.
Добар начин би бил, заедно со нив да гледаат телевизија т.е. програми што ним им се интересни, кои секако содржат сексуални или еротски асоцијации. Кога нешто такво ќе се појави на ТВ- екраните, родителите треба да почнат отворено да говорат на темата, со тоа што треба да предочат на сите последици од прераното сексуално делување, емотивнатанезрелост и последиците од чинот. Прерана бременост и сексуално преносливи болести.