Постојат многу навики што треба да станат ваша дневна рутина, за да можете и да останете здрави, но и концентрирани и секако, продуктивни.
1. Вежбајте секој ден - ова не значи дека треба да се „фрлите“ на неколкучасовни тренинзи уште утре, но постепено воведувајте вежби што најпрво ќе бидат краткотрајни, а потоа ќе ви станат рутина. На тој начин, вежбањето ќе стане дел од вашето секојдневие.
2. Пијте доволно вода - луѓето често не ја препознаваат жедта, па се случува да дехидрираат. Исто така, некои и претеруваат со испиената количина. Оптималната количина е два литра дневно.
3. Спијте доволно - возрасна личност има потреба од околу седум часа квалитетен сон. Процентот на оние кои функционираат со помалку од шест часа ноќно спиење е многу мал. Оние кои живеат во чиста средина, се хранат здраво и не се под стрес треба да спијат 6-7 часа, додека пак оние кои се под константен стрес на модерниот живот имаат потреба од најмалку осум часа квалитетен сон.
4. Читајте ги декларациите - секогаш е добро да знаете што внесувате во телото преку храната што ја купувате од маркети. Храната што можете да ја купите свежа е секогаш подобра од онаа од продавница. Избегнувајте полуготова храна и обидете си да си подготвите свежи и избалансирани оброци. Само така можете да бидете сигурни во она што го јадете.
5. Медитирајте - не мора да се запишувате на курс. Медитацијата можете да ја применувате и дома. Тоа ќе ви помогне полесно да се фокусирате на проблемите и задачите, како и да бидете емотивно стабилни. Започнете со неколку минути, за да можете подоцна да ја вклучите медитацијата во вашите дневни рутини.