Повеќето од методите кои се користат за подобрување на општата здравствена состојба се конкретни и директни: За да се ослободите од вишокот килограми – јадете помалку и вежбајте повеќе; за да ја зголемите енергијата, спијте подолго; за да спречите дехидрација, пијте повеќе вода.
Но, постојат и такви методи кои се целосно контрадикторни. Во продолжените, прочитајте за 12-те совети за здравје кои навистина функционираат, но можеби ќе ве остават малку збунети.
1. Ако сакате полесно да заспиете, напијте се кафе
Во една јапонска студија во која се испитувало како најдобро да ги искористите дремките, луѓето кои пиеле од една до две шолји кафе и потоа веднаш направиле 20-минутна дремка се чувствувале многу посвесни од оние кои дремнале без претходно да се напијат кафе. Една 20-минутна дремка завршува токму во оној момент кога кафениот започнува да делува во организмот и го чисти мозокот од една молекула наречена аденозин. Како резултат, станувате многу посвесни и фокусирани.
2. Ако сакате да имате поздрави заби, не мијте ги после секој оброк
Четкањето на забите после секој оброк, особено по консумирањето храна која содржи повеќе киселини (цитрусни овошки, газирани сокови, домат и сл.), ги омекнува забите и го разјадува нивниот надворешен слој. Затоа, експертите препорачуваат да се почека од половина до еден час пред да се измијат забите.
3. Ако сакате да носите помал конфекциски број, здебелете се
Се разбира, тука станува збор за зголемување на мускулната маса. Според фитнес инструкторите, помеѓу две жени кои тежат 70 кг, онаа која редовно вежба и крева тегови ќе носи помала величина од онаа која не го прави тоа, односно ќе носи конфекциски број сличен на жена која би тежела 60 кг. Иако 1 кг масно ткиво и 1 кг мускулна маса тежат исто, сепак мускулот зафаќа помалку простор.
4. Ако сакате помалку да јадете, тогаш јадете повеќе
Јадењето мали количини на јаглехидрати, како што се слатките, го зголемува нивото на шеќерот во крвта и ви го зголемува апетитот и желбата за повеќе храна. Според нутриционистите, најдобро е да изберете протеини како што се путерот од кикирики, сирењето и сл., кои имаат поголем број на калории, но протеинот побрзо ве најадува и ве држи сити многу подолго.
5. Не консумирајте енергетски пијалаци кога сте уморни
Енергетските пијалаци содржат до 5 пати повеќе кофеин од кафето, но добиената енергија трае пократко и се троши побрзо, оставајќи ве нервозни и вознемирени. Освен кофеин, енергетските пијалаци содржат и 50 г шеќер по лименка (13 супени лажици) и високи нивоа на таурин – симулант на централниот нервен систем, кои го зголемуваат шеќерот во крвта и ве тераат да посигнете по уште.
6. Кога сте подуени, напијте се вода
Водата во организмот се соединува со влакна растворливи во вода кои ја претвораат истата во гел. Ова делува на подвижноста на цревата, варењето на храната и брзината на метаболизмот и ги олеснува симптомите на надуеност.
7. Ако сакате да ослабeте, не консумирајте диетални газирани пијалаци
Всушност, сите газирани пијалаци е добро да се избегнуваат. Последните студии покажуваат дека луѓето кои пиеле диетални газирани пијалаци консумирале храна со поголем број калории, отколку оние кои пиеле обични газирани пијалаци. Многу луѓе мислат дека „без шеќери“ или „без адитиви“ е исто со помалку калории, но всушност тоа значи дека произведувачите додале некој дополнителен адитив за да направат диеталниот пијалак да има сличен вкус со обичниот.
8. Ако сакате да се изладите, напијте се топол пијалак
Според неодамнешните испитувања, топлото кафе може побрзо да ве излади отколку ладното. Кога пиете топол пијалак, вашето тело ја чувствува промената во температурата и го зголемува производството на пот. Како што таа испарува, вие се разладувате.
9. Кога се чувствувате изморени, вежбајте
По напорниот работен ден вежбањето и не звучи пријатно, но всушност може да ви ја зголеми енергијата. Доколку направите неколку едноставни вежби во времетраење од половина час,уморот и лошото расположение значително ќе се подобрат Сѐ што правиме бара кислород, па кога би вежбале вие всушност ќе работите поефикасно, нема да се уморувате толку лесно и ментално подобро ќе функционирате.
10. Рачно напишаните белешки ја зголемуваат моќта на мозокот
Рачно напишаните белешки се полесни за помнење отколку белешките напишани во електронски формат и ви овозможуваат да примате повеќе информации. Со самото пишување, освен што ја примате информацијата, вие и ја разработувате и подетално го анализирате материјалот.
11. Ако сакате да го подобрите вашиот однос, поминувајте помалку време заедно
Честото присуство на разни социјални настани без неколку издвоени моменти за себе може да го влоши квалитетот на вашиот однос со партнерот, пријателите, познаниците. Кога поминувате малку време сами, вие ги процесирате своите мисли наместо да реагирате импулсивно, и како резултатот подобро се спознавате себеси. Дополнително, се ослободувате и од стресот и анксиозноста, што значително придонесува во подобрувањето на меѓусебните односи.
12. Ако сакате да го спречите ширењето болести, не користете антибактериски сапуни
Не постои доказ дека антибактериските сапуни се поефективни од обичните. Според едно научно истражување, честата употреба на овие средства и продолженото издолжување врз некои составни материи како што е триклосанот, може да има сериозни последици врз здравјето.