Иако сите мажи се различни, постојат неколку карактеристики кај жените кои ќе ги направат поатрактивни и позабележителни и кои ќе им овозможат нешто повеќе од забава.
Мажите кои се зрели на физичко, ментално, емоционално и спиритуално ниво се отворени за длабока поврзаност и посакуваат 4 клучни работи кај жените.
1. Посакуваат забавна жена
Мажите сакаат да бидат активни и да се забавуваат. Повеќето жени забораваат на овој факт и се обидуваат преку разговор да стигнат до неговото срце. Но, вистината е дека зборовите нема да го привлечат, бидејќи тоа ќе го сторат искуствата кои ќе ги создавате двајцата заедно. Гледањето спортови, игрите, натпреварувачкиот дух, сарказмот сигурно ќе му го разбудат интересот.
2. Посакуваат независна жена
Голем број од жените мислат дека мажите посакуваат „послаба“ жена која ќе ги натера да се чувствуваат попаметно и помоќно. Но, мажите бараат жена која ќе ги инспирира со нејзиниот интересен живот и која има и други цели и интереси освен да биде во врска. Добар тип не е исплашен од независност и успех. Она што е важно е да се остане приземен и свесен, да не се зборават сопствените животи и кога сте заедно, навистина да бидете заедно и меѓусебно да го посветите целото свое внимание.
3. Посакуваат емотивно зрела жена
Кога еден маж го привлекува една жена, ќе настане ситуација кога ќе дојде до недоразбирање. Жената која е доволно зрела да не префрла вина и да критикува за своите чувства, туку да ги сподели своите чувства на искрен и автентичен начин е многу попривлечна од онаа која е гласна и драматична. Како една жена се справува со своите емоции е една од најважните работи кои мажите ги забележуваат кога посакуваат некого за посериозен однос. Спротивно на верувањата, мажите не ја посакуваат класичната „дама во опасност“.
4. Посакуваат жена која силно ги привлекува
Мажите не се плашат од сериозни врски колку што се плашат од врски во кои не чувствуваат никаква страст и атракција за својата партнерка. Жената може случајно да ја уништи привлечноста кога премногу се труди или се однесува како врската да е сериозна предвреме. Хуморот, флертот, забавата, непредвидливоста, отвореноста кон нови искуства се едни од најатрактивните работи за мажот.