Седата коса е природен атрибут кој си доаѓа со годините. Некои тоа мирно го поднесуваат, додека други се трудат да го скријат што побрзо.
Сепак, доколку видите коса која побелува во личност која сė уште нема 30 години, тоа може да биде знак за тревога.
1. Срцеви болести
Консултирајте се со кардиолог доколку сте маж и забележите брзо белеење на вашата коса. Научниците открија дека тоа е често поврзано со голем ризик за исхемична срцева болест. Исхемичната срцева болест не покажува симптоми во нејзиниот почетен стадиум, па затоа обрнете внимание на овој знак.
2. Акумулирање на пероксид
Вообичаено, фоликулите на косата произведуваат мало количество на водороден пероксид. Сепак, кога ќе се акумулира, ја менува бојата на вашата коса. Оваа состојба може да биде третирана со УВБ активирано соединение, кое исто така се користи за нарушувања на пигментацијата на кожата.
3. Недостаток на витамин Д3 и Б12
Понекогаш, за да се запре белеењето на косата, доволно е да се одржува балансирана исхрана: научниците открија дека недостаток на витаминот Д3 резултира во губење на меланин (супстанција која даба боја на косата и кожата). Истото важи и за недостаток на витамин Б12.
4. Пушење
Пушачите исто така не би требало да бидат изненадени од рано побелување на косата. Сега е докажано дека кај пушачите се очекува побрзо белеење на косата, отколку кај некој што никогаш не допрел цигара. Оваа навика исто така провоцира и порано опаѓање на косата.
Пораното белеење не секогаш значи здравствени проблеми; понекогаш се зависи од гените. Ненавременото белеење на косата може да биде сигнал за природни особености на вашето тело, не само за проблеми. На пример, луѓе чии родители имале обелена коса пред нивните триесетти ги забележуваат првите седи влакна на слична возраст. Научниците дури и ги нашле гените кои се одговорни за раното белеење на косата и откриле дека се наследни.