Мажите во Македонија имаат просечна должина на пенисот од 14 сантиметри, а просечен обем од 12 сантиметри. На споменатата страница е забележано дека мажите самите ги пријавиле овие мерки. Тие се 63-ти на листата од вкупно 143 земји.

Хрватите имаат просечна должина на пенисот од 14,8 сантиметри. Просечниот обем на нивните гениталии е 13 сантиметри, а тие се на 34 место.

Мажите во Србија имаат просечна должина на пенисот од 14,8 сантиметри, а просечен обем од 12,7 сантиметри. Тие се на 35 место. Просечната должина на гениталниот орган на Црногорците е 13,6 сантиметри, а обемот 12. Тие се на 84 место.

„Сите големини се важни“, исто така, наведува дека Еквадорците се први на листата со просечна должина од 17 сантиметри. Кога станува збор за обемот, Холанѓаните се први со просечни 13,5 сантиметри.

Последни на листата кога станува збор за просечна должина се Камбоџанците (10,1 сантиметар), а Бутанците се последни според просечниот обем на пенисот (10,3 сантиметри).

За потсетување, истражувањата докажаа дека повеќето жени не мислат дека големината на пенисот е важна за сексуалното задоволство. Друго истражување покажа дека 85 жени немаат критики за големината на пенисот на партнерот. Освен тоа, дамите сметаат дека мажите не треба да се мачат да ја анализираат нивната големина, туку треба да се обидат да ја подобрат комуникацијата и да откријат што навистина им е важно во кревет.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/04/2024 07:10