Дваесет до педесет отсто од децата на жени заразени со кламидија се раѓаат со инфекцијата. Кламидијата при бременост може да предизвика спонтан абортус, раѓање мртвороденче и раѓање бебе со премногу мала телесна тежина. Кламидија може да предизвика стерилност кај мажите. Може да се прошири од мочниот канал на тестисите. Исто така може да ја предизвика болеста наречена епидидимитис која пак, предизвикува стерилност. Кламидија секоја година предизвикува повеќе од 250.000 случаи на епидидимитис во САД. Симптомите вклучуваат треска, како и отекување и болка во мадните ќесиња.
Кламидија може да го предизвика Рајтеровиот симптом, особено кај момчињата. Симптомите обично се појавуваат во овој редослед:
- уретритис
- исцедок што се фаќа како коричка на пенисот
- херпеси на устата или грлото
- конјуктивитис
- артритис
Артритисот претставува проблем за секој трети човек што го има Рајтеровиот синдром.
Рајтеровиот синдром
Кламидијата не претставува здравствен проблем само за жените туку и за мажите. Од проценетите еден и пол милиони мажи во САД заразени со кламидија, кај еден процент (15.000) може да се појави Рајтеровиот синдром. А една третина од овие мажи (5.000) ќе имаат трајни последици од инфекцијата.
Како влијае кламидијата врз бременоста?
Дваесет до педесет отсто од децата на жени заразени со кламидија се раѓаат со инфекцијата. Секоја година повеќе од 180.000 бебиња се раѓаат со инфекции на очите или со пневмониија. Кламидијата е главната причина за појава на коњуктивитис кај бебињата, болест на очите што може да предизвика слепило. Симптомите обично почнуваат за четири недели од раѓањето. Овие деца исто така може да развијат кламидија пневмонија, еден вид пневмонија што може да има смртни последици. Оваа инфекција потешко се лекува кај децата отколку кај возрасните. Кламидијата може да предизвика крвавење пред пораѓањето, и да предизвика предвремено пукање на мембраните што би довело до предвремено пораѓање. Ова исто така може да предизвика пометнување, донесување на свет мртвороденче и раѓање на бебе со премногу мала телесна тежина.
За среќа, лекувањето на кламидијата е успешно во девет од десет случаи кај трудниците.
Како се дијагностицира кламидијата?
- со преглед на матката и исцедокот
- со лабораториски тестови на клетки од пенисот, матката, мочниот канал или анусот
- испитување на примерок од урината
Пап-тестовите понекогаш не се доволни и потребно е да се извршат тестови за кламидија. Пап-тестовите не треба да се сметаат за тестови за кламидија. Гонорејата и кламидијата може да имаат слични симптоми. Важно е да се разликуваат една од друга. Некои лекови може да помогнат за гонорејата, а да не влијаат на кламитијата. А има случаи кога други полови инфекции ги кријат симптомите на кламидијата.