Тренерот на Барселона, Чави, вечерашниот натпревар со Пари Сен-Жермен како убава можност тимот да си го врати елитниот статус во Лигата на шампионите.

Во претходните две изданија на најсилното фудбалско натпреварување, Каталонците беа елиминирани во групната фаза.

- За нас ова е клучен момент. Не сме биле во четвртфиналето четири години и возбудени сме за она што ни претстои. Сега можеме повторно да почнеме да сонуваме. Моментално сме во нашата можеби најдобра форма од почетокот на сезоната и повторно сме меѓу најдобрите тимови во Европа. Пари Сен-Жермен е предводен од одличен тренер во Луис Енрике и е изграден да ја освои Лигата на шампионите. Можеме да бидеме горди што во оваа фаза од елиминациите има толку многу луѓе кои поминаа низ Барса - Луис Енрике (Пари Сен Жермен), Пеп Гвардиола (Манчестер Јунајтед) и Микел Артета (Арсенал), го цитира Чави „Ројтерс“.

Натпреварот ПСЖ – Барселона ќе почне во 21 часот на „Паркот на принцовите“ во Париз



Автор: Администратор
Објавено на: 10/04/2024 14:44