Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне планира да ја продолжи кариерата во Италија по заминувањето од шпанскиот клуб.

- Мојата можна иднина во Серија А? Имам договор тука со Атлетико уште неколку години, па не знам кога ќе го напуштам тимот, но имам намера да се вратам во Италија бидејќи ми се допаѓа таму и научив многу како тренер во Катанија, изјави Симеоне за „Калчомеркато“.

Тој го води Атлетико Мадрид од 2011 година. Под негово водство, мадридскиот клуб двапати стана шампион на Шпанија, го освои Купот и Суперкупот на земјата, двапати ја освои Лигата на Европа и го освои Суперкупот на УЕФА.

Атлетико Мадрид вечер од 21 часот ја пречекува Борусија Дортмунд во првиот натпревар од четвртфиналната пресметка во Лигата на шампионите.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/04/2024 15:59