Баер Леверкузен нема веднаш да ја добие титулата во Бундеслигата дури и ако веќе претстојниот викенд го обезбеди шампионскиот трофеј.
Германската фудбалска лига потврди дека тимот предводен од селекторот Чаби Алонсо, доколку успешно ја заврши битката за првото место во првенството, ќе го добие трофејот во последното коло, како што е традиција во Бундеслигата.
Доколку сè уште нема јасен победник пред натпреварите од последното 34. коло на 18 мај, тогаш оригиналниот пехар ќе биде однесен на стадионот каде што игра лидерот на табелата.
Сепак, само теорија може да го спречи славјето на Баер кој има 16 бода предност пред второпласираниот Баерн (Минхен) и третопласираниот Штутгарт.
Тимот од Леверкузен е непоразен во сите 41 натпревар од почетокот на сезоната, израмнувајќи го рекордот во Бундеслигата од 28, а титулата ќе ја обезбеди доколку го победи Вердер Бремен во недела.
„Фармацевтите“ можат да го освојат трофејот и ден порано доколку Баерн и Штутгарт ги загубат натпреварите од Келн, односно Ајнтрахт (Франкфурт)