Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта даде интересна оценка за составот на каталонскиот тим во пресрет на четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против ПСЖ.

-Не би менувал ниту еден играч на Барселона за таков од ПСЖ“, изјави Лапорта, цитиран од прес-службата на Шпанците.

ПСЖ денеска ќе и гостува на Барселона во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Натпреварот ќе се одржи на стадионот „Парк де Пренс“ и ќе започне во 21 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/04/2024 16:54