Доколку ви е нарушено спиењето подолго од еден месец, многу е важно да ги откриете причините. Можеби ова се некои од причините поради кои што имате немирни ноќи.
Болка
Во една студија, 15%од Американците изјавиле дека страдаат од хронична болка. Болки во грбот, главоболка, проблем со мускулите на вилицата се главните причини за проблеми во спиењето.
Нарушено ментално здравје и стрес
Несоница е симптом и причина за депресија и анкциозност. Мозокот ги користи истите нервотрансмитери за сон и расопожение. Стресни ситуации или настани, пари, браќни проблеми, се пнекои од причините за несоница, која може да стане долгорочен проблем.
Рчењето
Во некои случаи, рчењето е симптом на апнеја при спиење, нарушување поврзано со срцеви заболувања, висок крвен притисок и мозочен удар.
Замор
На вашето тело му е потребно и до три дена да се стабилизира на темно или светло, распоред на нова временска зона, заморот може да предизвика хронични проблеми со спиењето.
Работа во смени
Распоред кој е во спротивност со нормално будење, лекари, рецепционери, медицински сестри, може да го наруши деноноќниот ритам на вашето тело. Луѓето кои работат во смени имаат пониско ниво на серотонин, хормон и нервотрансмитер во централниот нервен систем, кој им помага во регулирањето на спиењето.
Хормонски промени
Менопауза, месечен циклус, бременост се некои основни извори на проблемите со спиење кај жените. Топлите вибрации, често мокрење се некои од прекинните на сонот во текот на ноќта.
Болести
Белодробни болести или астма, отежнувањето на дишење може да наштети на вашиот сон особено во раните утрински часови. Ако страдате од срцева слабост може да се развие абнормално дишење. Паркинсоновата болест и други невролошки заболувања се сметаа како чест несакан ефект на сонот.
Лекови
Лековите можат да го нарушат вашиот сон, посебнно доколку ги конзумирате пред да заспиете или дозата ви е зголемена.