Честопати ни се јавуваат предвизвици кога треба да се справиме со партнерот во една љубовна приказна. Се случува дури и да имаме долга врска, па да се навикнеме на проблемите и да не приметуваме дека некогаш нешто навистина не е во ред. Понекогаш дури и забораваме какво чувство е среќата, или пак сметаме дека неможеме да бидеме среќни повеќе од тоа што сме.
Но кога се наоѓате во вистинската врска, стуацијата е поинаква. Сонцето сјае посилно, вие се смеете почесто, дури и секојдневните должности ви се поудобни. Но како да препознаете кога сте во вистинската врска?
Следниве пет знаци се индикатори дека врската во која се наоѓате е онаа, вистинската:
1. Поминувате време заедно, правејќи го она што и двајцата го сакате
Прекрасно е кога тој го прави она што го исполнува. Прекрасно е кога Таа го прави она што го сака. Сепак, најдобро е кога двајцата заедно ќе најдете нешта кои може заеднички да ги правите и да уживате во тоа. Понекогаш потребно е повеќе време да се дојде до таквите нешта, но со текот на времето овие нешта ќе си дојдат сами по себе.
2. Поминувате време правејќи работи што и двајцата ги сакате, но не заедно
Кога сте во вистинска врска, партнерот е свесен дека постојат работи што сакате да ги правите сами. Сите ние сакаме да уживаме во работите што обожаваме да ги правиме, во кои не секогаш може и мора да биде вклучен нашиот партнер. Кога партнерот потполно ве разбира и ве поддржува во донесувањето самостојни одлуки и поминување голем дел од времето самостојно, тогаш врската е вистинска!
3. Се расправате, но кавгата е продуктивна
Кога сте во врска со оној “вистинскиот”, тогаш не е важно кој е “победникот” кога станува збор за несогласување или караници. Не е потребно да се докажувате за нешто (иако ситуацијата понекогаш може да влезе во таков тек). Ваквиот вид на караници се сведуваат на тоа да ги разбереме потребите и интересите на партнерот, да најдеме заеднички размислувања, создавајќи компромис и меѓусебно почитување. Ако после секоја кавга вие се чувствувате како победник или губитник, тогаш врската не оди во посакуваната насока.
4. Секој од вас си има свои пријатели, но и заеднички исто така
Во една врска секогаш може да се најде рамнотежа помеѓу личниот круг на пријатели, пријателите на вашиот партнер и заедничките пријатели. Кога недостасува една од овие три опции, тогаш тоа со сигурност претставува знак за неуспешна врска, и тоа треба навистина да ве загрижува.
5. Во врската секој си има свое “јас”
Вие сте задоволни од самите себе како личност. И вашиот партнер е среќен со вас како личност. Вие се цените меѓусебно бидејќи знаете како да се справувате еден со друг и да одржувате приспособливи карактеристики. Во една успешна врска, и двајцата партнери се почитуваат такви како што се, без да се обидуваат да се променат еден за друг.