Има ли лек за кламидија?

Да. Кламидијата лесно се лекува. И двата партнера треба да се лекуваат истовремено. Антибиотиците ја убиваат бактеријата, а се препорачуваат доксициклин или азитромицин. Азитромицинот се зема во една доза. Иако доксициклинот е поевтин, се зема седум дена. Офлокацин, еритромицин и еритромицин етилсуцинат исто така се препишуваат како лекови за кламидија. Еритромицинот често се препишува за трудници и лица што не можат да го земаат тетрациклинот, а и за деца со очни инфекции или пневмониија предизвикани од кламидија. Вашиот лекар ќе ви помогне да одлучите кое лекување најмногу ви одговара. И воспалението на пелвисот се лекува. Можеби ќе биде потребен и хируршки зафат. Но за стерилноста настаната како последица на кламидија нема лек. Ако се лекувате од кламидија или или некоја друга полова болест запамтете:

- Земајте ги сите препишани лекови. Дури и ако исчезнат симптомите, инфекцијата може уште да се наоѓа во вашиот организам.

- Одете на прегледи за да се уверите дека сте излечени пред повторно да имате полов однос.

- Препорачливо е и партнерот да се лекува за да не ви ја пренесе повторно инфекцијата.

- Немојте лекот да го делите со друго лице.

Кој е најподложен на кламидија?

- Лицата кои често ги менуваат партнерите

- Лицата чии партнери често ги менуваат партнерите

- Лицата кои не користат кондоми

- Лицата со историја на други полови болести

- Децата кои биле сексуално злоупотребувани

Најголемиот процент заразени со кламидија е меѓу младината.

Како лицата заразени со кламидија да го спречат нејзиното ширење?

- Известете го својот партнер за инфекцијата.

- Прекинете со половиот однос додека не се излечите

- Гледајте вашиот партнер исто така да направи тест и да е лекува од инфекцијата.

- Постојано користете кондом.

Секој што има партнер кому му била дијагностицирана некоја од половите инфекции и воспаленија треба да се прегледа. Бидејќи кламидијата нема никакви симптоми, жените кои се изложени на ризикот треба да се прегледуваат на секои 6 до 12 месеци.

Како да се избегне кламидијата?

- Постојано користете кондом

- Редовно одете на лекарски прегледи

- Апстинирајте од сексот

Дали употребата на контрацептивни средства го зголемува ризикот од инфекцијата?

Извесни докази покажуваат дека хормоните од контрацептивните пилули може ја зголемат подложноста на матката на инфекции. Но, затоа пак жените кои земаат контрацептивни пилули се подложни на помал ризик да добијат воспаление на пелвисот. Сепак, и покрај тоа што пијат пилули, жените треба да користат кондоми со партнерите кои може да се заразени со некоја полова инфекција. Само кондомите дават сигурна заштита, додека пак спермицидите кои се користат со дијафрагмите, контрацептивната пена, гелови и другите средства можат да дадат делумна заштита.

Каде да се проверам за кламидија?

Во здравствените центри, кај докторите и здравствените организации кои нудат тестирање, лекување и советување.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/04/2024 05:23