Апчињата за контрацепција можеби ја поттикнале сексуалната револуција, но новите истражувања покажуваат дека апчињата предизвикуваат пад на сексуалната желба кај жените, додека пак презервативите имаат сосема спротивен ефект.

Контрацептивните таблети, исто така, имаат голем број на несакани ефекти, како што се дебелеење, главоболки, гадење, промени во расположението или развој на тромб. Исто така неодамнешните истражувања покажаа дека милиони жени губат интерес за секс заради нив.

Голем број од жените во светот го користат овој начин на заштита од несакана бременост.

Истовремено, откриено е дека презервативите и како и другите методи на заштита ја зголемуваат возбудата повеќе отколку сексуалниот однос без никаква заштита.

Научниците шпекулираат дека ова може да се должи на сознанието дека тие се заштитени од бременост на овој начин.

Научниците велат дека најмалку една шестина жените кои користат контрацептивни таблети страдаат од намалено либидо. Но, зошто овој вид на таблети го имаат овој ефект? За да се запре овулацијата, таблетата содржи вештачки хормони слични на половите хормони естроген и прогестерон. И при спречување на овулацијата се намалува либидото.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/04/2024 05:24