Дали постои воопшто секс без обврски и дали може вистинското пријателство да преживее такво нешто?

Сексот без обврски со пријател денес се чини како многу поздрава опција, но исто така и поелегантно решение отколку да имате секс за една вечер со странец. За да може овој вид на секс да ја задржи задржи својата „елеганција“, многу е важно да не постојат емоции помеѓу двајцата пријатели кои не се ништо повеќе од пријатели.

Практичната страна на овој секс скоро е непотребно да ја објаснуваме. Секој пат кога има некој има потреба, тука има и пријател кој ќе ви помогне.

Лесен секс

Кога завршувате во кревет со вашиот пријател, тој станува „повеќе од вашиот пријател“. Така вели Ана, 35-годишна правничка, која спиела заедно со својот пријател во изминативе два месеци. Биле збунети, вели таа и сосема „случајно“ се случило сето тоа. Оттогаш, тие се дружат повремено, но само за секс. Кога пријателот на Ана нашол девојка, продолжиле да се гледаат но само на кафе. Тие се познавале со години, двајцата биле слободни, а потоа откриле дека имаат одличен секс, но зошто не завршиле во врска? После првата вечер, наскоро дојдовме до заклучок дека никој од нас не го почувствува тоа што е потребно за нормална и чесна врска. Од друга страна, во тоа време станавме „повеќе од пријатели“, објаснува Ана.

На прашањето дали сексот го нарушил нивното пријателство, Ана вели: Воопшто не, затоа што никогаш не сме биле добри пријатели, но отсекогаш имало некоја хемија помеѓу нас . Но, сексот со мојот најдобар пријател ми изгледа помалку и ризичен. Никогаш не би ризикувала да го загубам мојот најдобар пријател заради секс - вели Ана.

Што е со емоциите?

Невозможно е да имате „секс без обврски“ и да чуствувате нешто повеќе кон другиот. За да се избегнат недоразбирањата од емотивна природа, Ана верува дека најважно е што и двајцата треба да расчистат со себе уште од самиот почеток. И двајцата бевме сами и сакавме секс. Знаевме дека ќе престанеме да се гледаме кога едниот од нас ќе заврши во врска. Честопати разговаравме за нашите поранешни партнери и за тоа што очекуваме од нашата иднина.

Тешко е да се замисли подолгорочен лабав сексуален однос во кој едната страна успева да ги контролира емоциите. Зарем никој не потклекна на емоциите? Точно, во еден момент во од нашето пријателство забележав дека се повеќе се состанувавме на моја иницијатива, признава Ана. Кога почнавме да се гледаме неколку дена по ред, ситуацијата стана алармантна. Тогаш се запрашав дали навистина сакав да бидам со него. Сфатив дека станав посесивна и ништо повеќе. Доколку сакам нечие целосно внимание и љубов, тогаш морам да бидам подготвена за истото. И тоа можам да го имам само во нормална врска.

Не е ова за секого

Што ако пријателот најде девојка и престане да биде „повеќе од пријател“? Верувале или не, искрено, мило ми е што тој е во среќна врска. Кога се гледаме на кафе, чувствуваме посебна поврзаност помеѓу нас и дека ваквата поврзаност воопшто не ни смета, вели Ана.

На прашањето што повеќе на Ана и недостасува, дали е тоа одличен секс или нов вид врска што ја развила со својот пријател, таа одговара: „Секс!“

Сепак сексот без обврски со пријател не е за секого. Ако и двајцата не се јасни во своите емоции, лесно би можеле да се измамите од природата на тој однос.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/04/2024 05:24