Познато е дека сексот е многу добар за здравјето, но придобивките што ги има вашето тело зависи од тоа колку често го практикувате.
Сите сексуални експерти и психолози ќе ви кажат дека сексот е многу добар за здравјето, но колку корист ќе имате од тоа зависи само од вас.
Еднаш неделно
Сексот еднаш неделно ќе има позитивен ефект врз одржувањето на вашата линија. Водењето љубов го поттикнува лачењето на окситоцинот хормонот на љубовта, што покрај тоа ја поттикнува блискоста меѓу партнерите, исто така придонесува и за помирен и поквалитетен сон. И повеќе сон значи помалку килограми, затоа што спиењето го регулира лачењето на хормоните грелин и лептин, кои се одговорни за чувство на глад.
Двапати неделно
Луѓето кои уживаат во сексот најмалку двапати неделно, имаат 30 проценти повисоко ниво на имуноглобулин, што му помага на телото да се одбрани од болести, покажаа истражувањата. Ако имате редовен секс, вашиот имунитет е посилен, така што е помала веројатноста да „соберете“ некоја инфекција.
Три пати неделно
Сексот ги зголемува отчукувањата на срцето и ја забрзува циркулацијата на крвта. Луѓето кои уживаат во сексот најмалку три пати неделно имаат помал ризик за заболувања од срцев удар за разлика од тие четири пати неделно
Четири пати неделно
Сексот четири пати неделно ќе направи чуда на вашиот тен. Ако честопати сте „зафатени“ во спалната соба, ќе останете млади подолго. За време на сексот, производството на колаген е засилено, што ја спречува појава на брчки и пеги на кожата. Квалитетниот сексуален живот придонесува за сјаен тен и сјајна коса бидејќи циркулацијата за време на сексот се забрзува. Како резултат на тоа кожата добива повеќе кислород и изгледа посвежа.
Пет пати неделно
Редовниот секс го крева општото ниво на енергија, нè прави оптимистички и креативни во сите области, не само во кревет. Покрај тоа, вашата врска со партнерот ќе биде подобра ако вашиот секс е по редовен.
Шест пати неделно
Сексот нè прави попаметни. Подобрата циркулација значи дека мозокот работи подобро, а кога доживуваме оргазам, доживуваме и ’експлозија’ на хормони, од кои многу влијаат на нашите интелектуални сили на најпозитивен начин.
Седум пати неделно
Да се биде во можност да имате секс секој ден во неделата значи дека ги нарушувачките фактори како што се стресот на работа и тоа не ве спречува да уживате во животот. Редовниот секс го намалува стресот и ги ублажува анксиозните нарушувања кои се многу чести, а објаснувањето за ова лежи во зголемената секреција на ендорфин што го предизвикува водењето љубов.