Секоја жена барем еднаш се има запрашано што ги привлекува мажите кон понежниот пол. Мич Вилсон, професор по психологија на универзитетот Де Пол во Чикаго, ни одговара на ова прашање. Таа тврди дека секој пат кога мажот ќе ја одмери жената од глава до пети, односно ако му се допаѓа нејзината половина и колкови, тој несвесно помислува на тоа дека таа би била идеална за раѓање дете.
Има неколку други фактори кои треба да се земат во предвид. Убавата, средена и долга коса исто така ќе го привлече посилниот пол, бидејќи таа е олицетворение на здравјето и плодноста. Мажот ќе остане без здив од девојката која ќе му даде спонтана насмевка, особено ако зад неа се скриени сјајно бели и негувани заби. Тој ќе биде привлечен од дама со помалку шминка на неа отколку од оние девојки кои претпочитаат нападна шминка. На мажите им се допаѓа природниот изглед.
Кога станува збор пак за боите, црвената е фатална за мажите. Затоа, не заборавајте да носите нешто црвено и да нанесете црвен кармин на усните кога одите на состанок со потенцијалниот партнер.