Пари Сен Жермен сака што поскоро да започнат преговорите за потписот на Виктор Осимен.

Французите подготвиле четири годишен договор за напаѓачот на Наполи. По одлуката на Килијан Мбапе да си замине на крајот од сезоната, парижаните размислуваат за опциите за негова замена и Осимен е на врвот на листата.

Нигериската ѕвезда има ослободителна клаузула од 130 милиони евра, но ПСЖ се надева дека може да договори договор со Наполи за помала сума.

За напаѓачот се заинтересирани и Арсенал и Челси.

Осимен е заинтересиран за можноста да заигра за францускиот гигант каде се очекува да добива 13 милиони евра по сезона.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/04/2024 17:59