Интер ја анализира ситуацијата околу нивниот напаѓач Маркус Турам и е подготвен да му одреди цена од 80 милиони евра, тврдат италијанските медиуми.

Причина за ова е силната сезона на офанзивниот фудбалер, што стана причина поради која го привлече вниманието на Пари Сен Жермен.

Парижаните речиси сигурно ќе ја загубат својата голема ѕвезда Килијан Мбапе и ќе сакаат да го заменат со друг играч на високо ниво.

Турам одлично се вклопува во новата политика на шефовите на Паркот на принцовите, тој е Французин и има 26 години, а оваа сезона забележа 10 гола и 7 асистенции на 29 натпревари во Серија А.

Интер е подготвен да прифати понуда од 80 мил. евра, што ќе им овозможи да работат мирно и со повеќе можности на трансфер пазарот.

„Нероазурите“ го потпишаа Турам на слободен трансфер пред само една година и сега ќе имаат можност да заработат многу сериозна добивка доколку се оствари таква зделка.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/04/2024 18:01