Грижата за сопственото здравје е неопходна доколку сакате да имате долг и здрав живот и да ги изгбегнете болестите и нарушувањата на организмот. Голем број на лица имаат зголемен ризик од добивање на дијабетес поради зголеменото ниво на шеќер во крвта и затоа треба да се води грижа за намалување на телесната тежина и физичка активност. Докторите препорачуваат секојдневно да внесувате разновидна храна, сезонско овошје и зеленчук и да внимавате со вештачките шеќери.
За подобро справување со овој предизвик може почесто да внесувате лук бидејќи во повеќе истражувања е докажано дека може да помогне во зголемување на лачењето на инсулинот во крвта за регулирање на шеќерот. Масните киселини се одлични за одржување на балансот на крвната слика и придонесуваат во зачувување на здрав метаболизам, а го намалуваат и отпорот кон инсулин. Масните киселини може да ги најдете во оревите и јаткастите растенија, потоа во маслинките и маслиновото масло и авокадото. Бобинките се богати со антиоксиданси и хранливи состојки идеални за здрав метаболизам, па без оглед дали ќе јадете малини, капини или рибизли сите се добредојдени.
Црвените цреши исто така се наоѓаат на листата на овошја кои го намалуваат ризикот од дијабетис поради присуството на црвени антоцијани кои се многу корисни каротини при намалување на отпорноста на инсулинска терапија и може да го одржат нивото на шеќер во нормални граници. Најголемото изненадување доаѓа од јаболковиот оцет кој често се препорачува да се користи за салати, но во едно истражување е докажано дека помешан со малку вода пред јадење може да помогне во намалување на шеќерите од храната полна со калории кај лицата кои се во фаза на добивање на дијабетес.
Токму здравата и квалитетна храна во комбинација со физчичка активност ќе ви помогне да го намалите ризикот од комплицираната шеќерна болест.