Јувентус нема да му понуди нов договор на Адриен Рабио, објави „Калчомеркато“. Договорот на играчот истекува на крајот од сезоната.
Така, 29-годишниот играч за врска на крајот од сезоната ќе стане слободен играч. За него се заинтересирани два клуба од Премиер лигата. Станува збор за Манчестер Јунајтед и Њукасл.
Играчот од средниот ред можеше да го напушти Јувентус уште минатата сезона кога му истече договорот, но реши повторно да потпише нов едногодишен договор со истите параметри како и стариот.
Рабио се уште е редовен во француската репрезентација и се чини дека ќе стартува на Европското првенство.
Преговорите за нов договор меѓу мајката на фудбалерот и неговиот агент Вероник Рабио и директорот на Јувентус, Кристијано Џунтоли пропаднаа пред неколку месеци.