Не е потребно богатство за да имате одличен секс. Медот и оревите се добар афродизијак за моќ и подобар секс, велат експертите, но има повеќе од тоа, од недостапни и скапи школки до доста прифатливи закуски со кикирики. Добриот секс не зависи само од тоа што го имате во пантолоните, туку и во главата, срцето и душата, па не е лошо да се знае кои работи влијаат за подобар секс.
Црвено вино: Чаша вино ја подобрува романтичната предигра. Покрај релаксирањето, виното го зголемува нивото на естроген, помага во стимулирање на сетилата и ја забрзува циркулацијата за време на сексот. Задржете го неговиот вкус на усните и ќе го направите бакнежот магичен.
Цреши: Повеќето антички Грци и Римјани уживаат во овој афродизијак. Црешите биле користени како афродизијак и аналгетик уште од античко време. Тие ја прочистуваат крвта, ја зголемуваат енергијата и имаат особено силен ефект врз жените. Една цреша има само четири калории.
Кикирики: Калорични се, но како и сè што јадеме друго. Кикириките пред сè се многу здрави и имаат сè што му е потребно на телото. Кикириките го зајакнуваат либидото, пособено кај мажите.
Спанаќ и друг зелен зеленчук: Спанаќот е одличен извор на магнезиум, кој помага да се прошират крвните садови. Помага во засилување на циркулација во пределот на гениталиите што резултира со поголема сексуална возбуда кај мажите и жените.
Лути пиперки: Тие содржат капсаицин, кој го зајакнува возбудувањето и стимулира разновидност на реакции во организмот, од потење до брзо чукање на срцето.
Ананас: Богат е со витамин Ц и затоа се користи и во хомеопатични третмани за лекување на импотенција. Додавањето во сладок рум ќе ви даде волшебна напивка совршена за вечер на страст.
Бадем: Не е ново, но знаењето е во повторувањето. И бадеми и ореви и мед. Тоа е вкусно, проверено од античко време, и не е скапо.
Цимет: Покрај тоа што го стимулира љубовниот нагон, добар е и за забрзување на метаболизмот.