Одговорот е во карактерот.

Секоја врска е различна и уникатна, но ретко кој може да се воздржи од споредување со другите.

Двојките најчесто се споредуваат кога станува збор за сексуалниот живот, иако стручњаците и психолозите велат дека тоа нема никаква смисла.

Според направените студии од страна на научниците кон паровите, се покажало дека новопечените двојки водат љубов три до четири пати за две недели и дека главните двигатели на интимност се мажите. Исто така е откриено и дека фреквенцијата на сексот зависи од отвореноста на жените кон нови искуства и симпатии.

Повеќето истражувања покажуваат дека паровите кои се многу среќни, имаат секс во просек три до четири пати неделно.

Од друга страна пак во однос на задоволството, истражувањата покажаа дека психолошките карактеристики на партнерите играат важна улога, така што кај мажите, нивото на задоволство во најголем дел е поврзано со нивото на невротизам. Колку е повеќе невротичен, толку помалку ќе биде задоволен, додека кај жените ситуацијата е сосема поинаква.

Според погоре кажаното очигледно интензитетот на водење љубов многу зависи од карактерот. Па доаѓаме до заклучок дека сексуалното задоволство е индивидуално и само вие знаете колку сте задоволни или не.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/04/2024 05:27