Да се освои срцето на жената воопшто не е лесно, но со помош на овие совети ретко која жена ќе ви се спротивстави.
Многу мажи се несигурни кога станува збор за освојување на жените, а честопати се плашат и од одбивање. Меѓутоа, за да може одредена дама да падне за вас, треба само да ги следите овие неколку совети и секогаш да се држите до нив.
Бидете јасни во вашите намери
Ако има едно нешто што ги вознемирува сите жени, тоа е кога ќе видат маж како ја гледа, но тој не сака да го направи првиот чекор. Не биди таков тип на момче. Жените ги сакаат самоуверените мажи кои ќе и стават до знаење на девојката дека сакаат да бидат со неа и ќе сторат сé што е во нивна моќ за да успеат да ја освојат. Се разбира, не мора секогаш момчето да го направи првиот чекор, но тоа е секако одличен почеток.
Слушајте ја внимателно што се зборува
Сигурно знаете дека скоро сите жени се жалат дека мажите само го слушаат тоа што сакаат - и тоа ги тера да полудат. Ако сакате да го освоите женско срце без никакви проблеми, тогаш слушајте сè што има таа да ви каже и активно учествувајте во разговорот. Без разлика каде и да сте, потрудете се таа да се чувствува како да е единствената личност во ваша билизина и бидете сигурни дека целосно ќе „полуди “ за вас.
Бидете средени
Исто како што мажите сакаат да гледаат негувана и средена жена, така и жените сакаат да видат маж кој се грижи за неговиот изглед. Кога сакате да импресионирате дама на првата средба, изгледот ќе ви биде клучен фактор. Затоа, внимавајте како се облекувате и изгледате за да ги зголемите вашите шанси. Не мора да бидете нон-стоп во костуми, но препорачливо е вашите тренерки да ги оставите дома.
Бидете упорни
Но, не досадни, пособено ако ви стави до знаење дека таа не сака ништо со вас. Сепак, жените сакаат да ја играат играта на заведување исто како што прават мажите, па ќе се обидат да се држат настрана од вас за да видат дали сте подготвени да се борите за неа. Затоа, дури и ако ви се причини дека не е заинтересирана за вас, продолжете да се додворувате, на крајот ќе се исплати, затоа што секоја жена покрај себе сака маж кој секогаш ќе и обрнува внимание без оглед на ситуацијата.
Покажете самодоверба
Доколку сакате да ја освоите жената, а пособено ако таа е свесна за нејзините квалитети, ќе треба да и покажете дека и вие верувате во себе и во своите способности. На крајот ниту една жена не ја привлекува маж што ќе мора таа да го води низ животот. Сите жени можат да бидат сами и успешни, но на крајот на денот, најдобро е кога ќе имаат маж до нив кој ќе им го чува грбот.
Внимание, внимание и внимание само
Не мора тоа да бидат скапи подароци или нешто екстравагантно. Една порака за добро утро, отворање на вратата... Магијата е во малите работи што го прават денот на жените подобар. Од друга страна, ова се убави манири и не можете да тргнете наопаку со нив. Сите жени сакаат културни и паметни момци. Ако жената до вас се чувствува сакана и посакувана дури и кога не дотерана, бидете сигурни дека сте го освоиле нејзиното срце.