Повеќето парови кои се во долга врска порано или подоцна се соочуваат со проблемот на сексуална рутина. Страста од почетокот на врската полека се смирува и е заменета со чувството на поврзаност, пријателска љубов и подлабока емотивна врска. Иако привлечноста во долгите врски е тоа што сите го сакаме, понекогаш недостатокот на почетната возбуда може да предизвика фрустрација, па дури и најдобриот секс може да се претвори во рутина бидејќи и двајцата партнери знаат точно што следува.

Ви даваме неколку совети како да доживеете сосема ново ниво на страст со вашиот долгогодишен партнер:

1. Превземете иницијатива

Ако вашиот партнер е тој што често иницира прв на секс, овој пат изненадете го и превземете ја иницијативата вие. Размената на улоги ќе ја стимулира возбудата и кај двата партнера, а доколку го направите тоа во моментот кога партнерот најмалку го очекува тоа, ефектот на изненадување дополнително ќе ја зајакне страста.

2. Испробајте различни места

Дали секогаш водите љубов на истото место? Сменете го местото и таа мала работа може да биде активирање на поголема сексуална желба. Можете да ги искорисите предностите на некој специјален настан и да изнајмите хотелска соба или пак велнес пакет, или едноставно пробајте нови простории во вашиот стан.

3.Пробајте нови пози во сексот

Двојките на почетокот на врската експериментираат многу повеќе со „идеалните пози“ што им одговараат. Со текот на времето, за повеќето од нив сексот се сведува само на неколку испробани и тестирани пози кои докажуваат дека се најдобри. Доколку сакате да ја прекинете сексуалната рутина, време е да ги проширите своите гледишта и да пробате нови пози.

4. Искористете ја магијата на заведувањето

Суптилното заведување на партнерот веднаш ќе го зголеми нивото на страст, а со тоа сексот ќе биде многу подобар. Работете на вашиот партнер баш така како што тоа го правевте на почетокот на врската.

5.Зголемете ја вашата сексуална самодоверба

Сексуалната самодоверба е силно поврзана со сексуалните перформанси, како и со задоволството, па затоа направете го она што е потребно за таа да се зголеми. Од вежбање и исхрана, позитивен став кон себе, до запознавање со вашето тело. Искористете ги сите стратегии што можат да ви помогнат да се чувствувате подобро и поудобно. Запомнете, не станува збор за физичкиот изглед, туку и за зголемување на нивото на сексуална енергија и позитивно размислување за себе.

6. Испорбајте некои возбудливи и „опасни“ активности

Монотониот начин на живот може да ја заспие страста и кај двајцата партнери, што исто така ќе влијае на вашиот сексуален живот. Пронајдете активности што ќе го стимулираат адреналинот во вас и испробајте ги заедно со партнерот. Можностите се неограничени и зависи од вас да истражувате колку далеку сте подготвени да одите.

7. Искористете го ефектот на боите врз расположението

Истражувањата покажуваат дека боите во нашето опкружување можат да влијаат и на нашето расположение. Во спектарот на бои, црвената е најстраствена боја, додека сивата има точно спротивен ефект и може да ја изгаси страста. Обидете се да ја промените бојата на ѕидовите или деталите во вашата спална соба или бојата на долната облека.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/04/2024 05:27