Научно е докажано дека мажите сакаат женски облини. Во спроведеното истражување, машкиот мозок бил прегледан и скениран додека набљудувал жени со облини и жени без облини. Резултатите покажале дека машкиот мозок повеќе се активира при набудување на облините на жената со ефект сличен на оној при употреба на дрога.

1. Мекост на телото

Слабите жени имаат помалку маснотии, и затоа имаат и потврдо тело. Мажите природно сакаат да уживаат и да се забавуваат со своите помеки и понежни половини. Девојките со облини го прават сексот поинтересен и попријатен за мажите.

2. Нема модринки

Кога сте со девојка која има облини, загарантирано е дека нема да имате модринки после сексот, ниту вие ниту партнерот нема да се чувствувате непријатно за време на сексот. Мекото тело дава сосема поинакво искуство.

3. Слабите девојки изгледаат постари

Девојките кои имаат облини на вистинските места изгледаат многу помладо, и нивната кожа изгледа многу поздрава, па со тоа и брчките се помалку видливи.

4. Облините се знак на плодност

Облините се знак на плодност кај жената, која според истражувачите е привлечна за мажите кои бараат партнери. Со векови, плодноста била поврзана со поголеми гради и пошироки колкови, така што ваквата слика за жена потсвесно привлекува многу мажи.

5. Девојките со облини се поженствени

Повеќето мажи ќе бараат жена која носи просечен коефициентски број на облека, а само 10 проценти велат дека совршени жени се оние кои влегуваат во мали фустани. Иако списанијата се полни статии за губење на тежината, мажите во секојдневниот живот сè повеќе ги привлекуваат жените со облини. Поточно, некои мажи откриваат дека слабите девојки со мали гради се помалку женствени, додека пак облините им даваат на жените мајчински изглед.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/04/2024 05:28