Фудбалерот на Њукасл, Жоелинтон потпиша нов повеќегодишен договор со клубот од Премиер лигата.

Претходниот договор на 27-годишниот бразилски фудбалер истекуваше во 2025 година.

Бразилецот дојде во Њукасл во 2019 година од германски Хофенхајм за клупски рекорден трансфер од 40 милиони фунти. Досега одигра 179 натпревари за Њукасл и постигна 25 голови.

По добрите игри минатата година, тој дебитираше за репрезентацијата на Бразил и постигна гол против Гвинеја (4:1).

„Се чувствувам одлично. Среќен сум и моето семејство е среќно. Многу убави работи ми се случија овде. Научив и созреав многу, одлуката да дојдам во Њукасл беше најдобрата одлука во мојата кариера. Сакам да играм за клубот. Го сакам клубот, ги сакам навивачите“, изјави Жоелинтон за официјалниот сајт на Њуксл.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/04/2024 17:31