Тотенхем сака да го ангажира Конор Галагер од премиерлигашкиот ривал Челзи пред да почне летниот преоден рок, пишува денеска лондонски „Сан“.
Галагер е под договор со Челзи уште една сезона, што го прави погодна трансфер цел за другите тимови од Премиер лигата.
Според весникот, доколку Челзи не го продолжи договорот со играчот од средниот ред за предвремен раскин на соработката со Галагер бара обесштетување од околу 40 милиони фунти.
Тотенхем направи рани трансфери и минатата година, доведувајќи ги во своите редови Џејмс Медисон и Гиљермо Викарио во јуни