Комората на трговски друштва за геодетски работи, со јавен повик до политичките субјекти за прифаќање декларација за развивање и унапредување на приватниот геодетски сектор

Комората на трговски друштва за геодетски работи, упати јавен повик до сите политички субјекти во дражавава за прифаќање на усвоената декларација од страна на Собранието на Комората на ден 10.02.2023 година за развивање и унпаредување на приватниот геодетски сектор.

“Во текот на вчерашниот ден, до нас беше доставена потпишаната декларација од страна на политичката партија ВМРО – ДПМНЕ. Ова е прв политички субјект, коjшто ја потпиша Декларацијата за развивање и унапредување на приватниот геодетски сектор, со што истите се обврзуваат дека ако бидат дел од наредната избрана власт, ќе се залагаат во целост за нејзина реализација. Навистина постои задоволство, бидејќи добиваме поддршка од најголемата опозициска партија, која претендира да биде дел од власта, но од друга страна, упатуваме уште еден апел и до сите останати политички субјекти, да ја прифатат и потпишат оваа Декларација, бидејќи перспектива на овој сектор без спроведување на оваа општа декларација-нема”, истакна Никола Рибароски претседател на Комората и додаде дека ако уште некој политички субјект ја потпише Декларација, за тоа повторно ќе ја известат јавноста.

И овој пат Комората укажува дека ниту една надлежна институција, ништо не превзема, а Агенцијата за катастар и покрај тоа што останува затворена за јавноста, во позадина продолжува со спроведување на репресијата и анархијата и врши притисок према приватните компании.

“Сите сме сведоци дека Агенцијата за катастар на недвижности останува скриена за јавноста, но зад сцената тие продолжуваат со анархијата и со теророт кој го спроведуваат врз приватните компании. Пред десетина дена, насилоно затворија уште една геодетска фирма. Овој пат станува збор за фирмата НОВА ГЕОДЕТ од Битола, а по истиот основ во кус временски интервал претходеше и одземање на овластувањетонна овластениот геодет на истата компанија. И покрај тоа што по овој основ, оваа компанија има пресуда во нејзина корист од страна на надлежниот Суд, сепак Агенцијата си донесе самоиницијативно Решение за одземање и на Лиценцата и на Овластувањето.

Но ваквата тенденција, на одмазничко затварање на компаниите, под изговор дека законските одредби се такви, продолжува и понатаму. Сега на дневен ред е ставена компанијата ГЕО-АР од Струмица. Оваа лиценца е спасена со Решением издадено од Комората уште во 2022 година, но сега со противзаконските одзмени јавни овластувања, со срамната пресуда од страна на Управниот Суд и со криминално донесената измена на Правилникот за лиценцирање, Агенцијата за катастар самата себеси се прогласи за надлежна да донесе одлука по однос на оваа лиценца. Најодговорно тврдам дека и во случај, нема никво прекршување на Законските и подзаконсите акти, а доколку не би било трагично, би било премногу саркастично, бидејќи тие што покренаа иницијатива за одземање на оваа и неколку други лиценци, сега истите тие се прогласуваат надлежни за нивно одлучување, односно одземање на истите“. Слични примери на овој се и покренатите процеси за лиценците на компанииите „Н ГЕО ПРОИНГ ОД ГОСТИВАР“, како и на „ГЕО ВИС НОВА“ од Скопје, чиј пак што пример за покренување на процес за затварање е дефинитвно со најголемата баналност за разлика од сите други. Впрочем најголемо “постигнување” во целокупното работење на ова раководство на Агенцијата за катастар е покренување на процеси за одземање на лиценци на вкупно 12 компании. Наместо да се стимулира бизнис-клима за отварање на нови и развивање на постојните компании, имаме одземање лиценци и затворање на фирми – истакнува Рибароски.

Од Комората на трговски друштва за геодетски работи, истакнуваат дека и покарај се, продолжуваат да се борат со најразлични средства преку институциите на системот.

“Упатуваме јавен апел до Уставниот Суд на РСМ, да постапат колку што е можно побрзо, по однос на нашата иницијатива со предлог на времена мерка за укинување на скандалозно донесените измени на Правилникот за лиценцирање, бидејќи со неговото донесување штетите кои се нанесуваат се огромни, не само за Комората, туку и општо преку задирањето во пазарните начела на конкурентност.

Во текот на оваа седмица, остваривме работна средба со претседателката на Судскиот Совет, по што беше договорено до Судскиот совет да ги доставиме сите пресуди од страна на Управниот Суд, за кои сметаме дека има тенденциозност, со цел да се направи обид за нивно преиспитување. Исто вакво барање за работен состанок, упативме и до претседателот на Управен Суд, но досега оттаму одоговор нема.

Дополнително, подготвуваме соодветни пријави за потесното раководство на Агенцијата за катастар и до сите оние, кои веќе ставаат свои потписи, претставувајќи се како членови на некаква си комисија за лиценцирње, иако многу јасно и недвосмислено во Законот за катастар на недвижности е запишано кој тоа го прави, кој ја формира таа комисија и чиј е паричниот надоместок кои заинтересираните правни субјекти го исплаќаат за издавање на лиценца“, додава Рибароски.

Стопанска комора на Северна Македонија



Автор: Администратор
Објавено на: 12/04/2024 18:56